Министерство за финансии во понеделникот соопшти дека исплатило 71 милион денари (1,15 милиони евра) на 3.117 земјоделци за одржување овошни и лозови насади и градинарски култури. Од овие средства 39,9 милиони денари им се исплатени на 1.035 земјоделци за одржување на овошни насади. На 2.016 земјоделци им се исплатени 30 милиони денари за производство на градинарски култури. Исто така, исплатени се 1,6 милиони денари на 66 лозари за одржување на лозови насади. Владата и министерството за финансии со редовна исплата на субвенциите за земјоделците останува доследна поддршката на земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство.
Министерство за финансии во понеделникот соопшти дека исплатило 71 милион денари (1,15 милиони евра) на 3.117 земјоделци за одржување овошни и лозови насади и градинарски култури.
Од овие средства 39,9 милиони денари им се исплатени на 1.035 земјоделци за одржување на овошни насади.
На 2.016 земјоделци им се исплатени 30 милиони денари за производство на градинарски култури.
Исто така, исплатени се 1,6 милиони денари на 66 лозари за одржување на лозови насади.
Владата и министерството за финансии со редовна исплата на субвенциите за земјоделците останува доследна поддршката на земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство, се вели во соопштението на министерството.